Васил Апостолов народниот учител и собирач кој доби подарок од рускиот цар и ѝ остана верен на Македонија

Васил Апостолов Икономов бил голем човек кој почина далечната 1934 година на 4 јуни. Ваквите луѓе вреди да ги паметиме како дел од нашата историја и идентитет. Затоа ајде да се запознаеме со човекот кој остана „верен“ на својата татковина и остави културно наследство за идните генерации.

Си го сакал Лазарополе и се женел три пати

Васил се родил во Лазорополе на 6 мај 1848 година. Тој бил народен учител, собирач и издавач на македонски народни песни и обичаи од Дебарско, печатар, публицист и културно-национален деец. Исто така тој соработувал и за списанието „Лоза“ и на весникот „Македонија“. Песните кои ги собирал се објавени во зборникот на рускиот конзул Јастребов во Призрен и во првите два броја на софискиот „Зборник на народни умотворби“.

Грчкиот владика Калиник од Дебар го видел потенцијалот во Васил и одлучил да го испрати да се дообразува за подоцна да го искористи за грчка пропаганда. Откако завршил со школувањето и се вратил во Лазарополе тој му ја откажал послушноста на грчкиот владика.

За прв пат се оженил на 17 години, но и сопругата и детето му починале, а потоа повторно, но и оваа сопруга му починала. Трет пат се оженил на 20 години со Ангелина (Анѓа) Камбуроска, со која што имале 10 деца, но од кои докрај му останал само синот Методија Попоски.

Додека работел во печатница во Солун која ја отворил заедно со ѓакон Јосиф, издал книга Народна песнопоyка во која се наоѓале и илинденски револуционерни песни. Токму заради објавувањето на оваа книга, Василко бил прогонет од турските власти и тој морал да бега и да се крие по бачилата на своите пријатели, но и во манастирот Пречиста, Кичевско.

Васил бил осуден и на бесилка, заедно со неговиот син, но ги спасил галичанецот Васил Чоланчески. По ова тој се прибрал во родното село и водел мирен старечки живот.

Бунтот против окупаторите

Василко покрај тоа што собирал народни обичаи и лирски македонски народни песни, собирал уште и балади, гатанки, баења, пословици, брзоговорки, детски залагалки, стари јуначки песни и приказни. Тој бил отпуштен како учител затоа што според тогашната бугарска власт „не ја извршувал својата должност“. Тоа е затоа што предавањата се извршувале на мијачко наречје, а не на бугарски јазик.

1893 година го напишал необемниот Сборник от старо-народни песни и обичаи в Дебaрско и Кичевско (Западна Македонија). Книгата имала 162 страници, со 275 песни со обичаите и списоци на вкупно 754 претплатници. Тој бил постојано апсен и клеветен.

Дури кога српските власти дошле да му нудат пензија (заради ова бил пратен на бесилка од која го спасиле), Василко им одговорил:

– Јас неќам српска пензија!

– А Бугарите да ти дадат?

– Ако ми давале Бугарите, јас ќе си останев во Софија, а не во Лазорополе! Јас работев само за Македонија и не сакам пензија ни од Бугарија, ни од Србија! И нашето петле ќе пропее!

Подарок од рускиот цар Николај Втори

Во 1886 година Василко Икономов, заедно со уште еден охриѓанец и еден битолчанец, а по упатство на рускиот конзул во Битола, заминале за Русија, Петербург. Таму добиле три свештенички костима, разни црковни книги и две камбани за црквата Св. Ѓорѓија во Лазорополе. Како лични подароци од аудиенцијата што ја оствариле кај рускиот император Николај II Николаевич, тие добиле по една сребрена табакера со златен монограм и ликот на императорот. Кои им биле одземени на турска граница и лежеле затвор за нив.