Вашиот фрижидер може да биде инкубатор за бактерии – еве како да го спречите тоа
Фрижидерот е срцето на кујната – точката од која почнува секој оброк и местото каде ја чуваме храната. Иако денешните паметни фрижидери можат да предложат рецепти или прикажуваат вести, најважната нивна функција останува – одржување на соодветна температура. Доколку таа не е точна, фрижидерот може да стане инкубатор за бактерии.
Просечната температура во многу домаќинства е 5.3°C – над препорачаните 0–5°C. Повеќето фрижидери половина од времето работат над оваа граница, а некои достигнуваат дури 15°C. Тоа создава идеални услови за развој на бактерии, што може да доведе до расипување или труење со храна.
Содржина:
Не ја отворајте вратата често!
Проблемот често лежи во недоволно прецизни сензори и непознавање на поставките. Дополнително, честото отворање на вратата дозволува топол воздух да навлезе и ја нарушува температурата. Затоа, се препорачуваат следниве практични совети:
Не ја оставaјте вратата отворена подолго време.
Користете ротирачки организатори за полесен пристап.
Редовно чистете ги гумените задршки и проверувајте дали добро затвораат.
Совети како да ја сортирате храната во фрижидерот
Температурата не е еднаква во целиот фрижидер – најстудено е во задниот дел, а најтопло на вратата. Затоа млекото и суровото месо се чуваат длабоко внатре, додека путерот и соковите можат на вратата. Добра навика е да се постават термометри на неколку точки и да се провери дали некоја зона преминува 5°C.
Пренатрупаноста го попречува протокот на студен воздух. Идеално, фрижидерот треба да биде исполнет до 75%. Производи како домати, компири или мед можат да се чуваат надвор, во ладна оставна просторија.
Но, дури и ладниот фрижидер не е целосно безбеден. Истражувањата покажуваат дека патогени како Listeria monocytogenes можат да преживеат и во ниски температури. Таа е особено опасна за трудници и постари лица и може да се најде во меки сирења, сувомеснати производи, суши и пакувани салати.
Мали промени за заштита на вашето здравје
За поголема безбедност:
Чувајте сурово месо на најдолниот дел за да избегнете истекување врз други намирници.
Јадете ги готовите производи во рок од 4 часа откако ќе ги извадите.
Миењето на рацете пред, за време и по готвењето е клучно.
Секогаш следете ги упатствата за готвење на пакувањата.
Малите промени во секојдневното користење на фрижидерот придонесуваат кон свежа храна, ефикасна работа на уредот и – најважно – заштита на здравјето. А кога станува збор за остатоци од храна, не се потпирајте само на мирисот – некои бактерии не даваат никакви знаци.
Коментирај анонимно