Вашиот кревет е скриено легло на бактерии, габи и алергени – Колку често навистина треба да ја миете постелнината?
Го минуваме околу една третина од животот во кревет, но кога последен пат ја сменивте вашата постелнина? Иако сакаме добар сон за да го сочуваме здравјето, ретко кој размислува за вистинската чистота на креветот. Оставени предолго, чаршавите стануваат дом за бактерии, габи, пот и мртви кожни клетки – скриена закана за вашето здравје.

Истражување од 2022 година покажа дека само 28% од луѓето ги перат чаршафите секоја недела, додека некои чекаат и до осум недели. Експертите предупредуваат дека ваквото однесување може да предизвика алергиски реакции, проблеми со дишењето, па дури и инфекции – особено кај оние со ослабен имунитет.

За време на спиењето секое тело ослободува илјадници кожни клетки, маснотии и до 300 мл пот, што се впиваат во постелнината. Свежата пот нема мирис, но бактериите како стафилококи ја разградуваат преку ноќ, создавајќи го препознатливиот мирис на тело наутро.
Во текот на денот во косата и облеката се собираат прашина, полен и алергени кои завршуваат во постелата. Мртвите клетки служат како храна за домашните грини, чиј измет може да предизвика или влоши алергии, егзема и астма. Некои видови габи, како aspergillus fumigatus, се пронајдени во навидум чисти перници и можат да предизвикаат тешки белодробни инфекции кај ранливите лица.
Креветот може да изгледа чисто, но е извор на бактерии, алергени и грини. Со редовно перење, не само што добиваме пријатен мирис туку го чуваме и здравјето – подобар квалитет на воздухот, помалку проблеми со кожата и полесно дишење. Ако веќе заборавивте кога последен пат ги сменивте чаршафите, време е сега да го сторите тоа.



I as well believe therefore, perfectly written post! .
Коментирај анонимно