Вашиот партнер ве крие од светот? Можеби сте во „тајна врска“ – а не сте ни свесни

Во денешниот дигитален свет на запознавање, полесно е од кога било да се биде во врска… но и да се остане невидлив во неа. Сè почесто луѓето се наоѓаат во романтични врски што изгледаат стабилно, но партнерот не ги вклучува во својот реален живот – не ги објавува на социјални мрежи, не ги запознава со пријатели, не ги носи на семејни настани. Ова однесување има име – „покетирање“ (од анг. pocketing) или, да го наречеме понашки, „криење“.

 

Вашиот партнер ве крие од светот? Можеби сте во „тајна врска“ – а не сте ни свесни

Зошто се случува?

„Криењето“ не секогаш значи дека партнерот не ве сака или ве манипулира. Како што објаснува терапевтката Аманда Вајт, понекогаш се работи за страв – од повреда, од осуда или од повторување на минати неуспешни врски. Исто така, некои личности се повлечени или сакаат да почекаат додека не бидат сигурни во врската.

Но има и друга страна: некои луѓе намерно те држат надвор од нивниот социјален живот за да изгледаат како да се слободни – што им овозможува да флертуваат, излегуваат или водат паралелни врски.

Таков е примерот со една девојка која споделила своја приказна на Reddit – веќе четири години во врска, живеат заедно, имаат планови за иднината, но таа никогаш не ги запознала ниту неговите пријатели ниту семејството. Кога ќе се обиде да разговара за тоа, разговорите завршуваат со кавги.

„Секогаш има различни изговори, но никогаш нема решение. Кога станува збор за други планови, мојот дечко наоѓа начин. Но кога е личниот дел од неговиот живот – таму не сум добредојдена,“ пишува таа.

Зошто се случува?

Како да се справиш со ова?

Психолозите советуваат: не напаѓај, туку прашувај со љубопитност. Користи фрази како:
„Забележав нешто и ме интересира дали правилно разбирам…“
„Ова е приказната што си ја кажувам во главата – дали грешам?“
Со отворен и смирен пристап можеш да добиеш искрен одговор – а можеби и вистината што си ја игнорирал/а. Ако долго време си во нечие срце, но не и во неговиот свет – време е да се запрашаш: дали навистина си партнер, или само нечиј таен дел од животот?

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *