Васко со својата „Приказна за патување“ го запознава светот со убавините на Македонија

Македонија има што да покаже од природни убавини и оние кои не веруваа во тоа дефинитивно се уверија откако започна пандемијата и границите беа затворени. Но, освен нас, зошто да не се запознае со Македонија и светот? Васко е младо момче од Македонија кое го прави токму тоа. Тој прави забавни и поучни влогови со кои ги запознава луѓето со прекрасни места низ Македонија и светот.

Неговите видеа се „колоритни“ и динамични и дефинитивно го задржуваат вниманието на гледачот во секој момент. Дел од забавата Васко ја споделува и на својот Инстаграм профил, а не треба да се занемари и трудот во изработката на ваквите видеа. Доколку сакате да ја видите Македонија или пак Швајцарија од негова перспектива седнете удобно во вашите фотелји и препуштете се на „Vasko’s Travel Story“.