Вдовец со карцином кој негува и се грижи за смртно болни деца, ќе ви ја врати вербата во човештвото

Мухамед Бзек си зададе животна мисија да се грижи за смртно болните деца за да не умираат сами во болница. Човекот кој живее во Лос Анџелес, тесно соработува со Одделот за детски и семејни услуги на Лос Анџелес (DCFS), од каде бара да посвојува деца со тешки дијагнози.

Поранешниот либиски имигрант дошол во САД пред 40 години и станал официјален државјанин во 1997 година. Откога започнал да негува тешко болни деца, 10 трагично починале во неговите раце. Додека искусувањето на една смрт би било доволно трауматично за повеќето луѓе, Мухамед продолжува да згрижува и да се грижи за смртно болни деца.

Во 1995 година, [Мохамед и неговата покојна сопруга] одлучиле да посвојат сираци оставени во болници или земени од нивните семејства од државата заради насилство и притисок. „Единствената куќа што прифаќа сираци и деца кои се пред умирање во Лос Анџелес е мојата куќа. Јас се занимавав со 80 деца од 1989 година. Десет деца го загубија животот во моите раце.“, вели тој.

Во врска со неговиот однос со DCFS во Лос Анџелес, тој вели дека му се јавува директно кога има смртно болно дете на кое му е потребна грижа. Мохамед додава: „Тие знаат дека не се двоумам да ги прифатам. Ако не го сторам тоа, тие ги испраќаат во болници и немаат семејство или куќа. Сепак, кога ќе ги земам, тие чувствуваат семејна атмосфера. Тие се чувствуваат безбедно и се сакани до крајот на својот живот.“

Тој секогаш ќе ги именува оние деца кои доаѓаат под негова грижа, а немаат име. Мохамед се грижи за овие деца, а покрај тоа се грижи и за својот син кој е роден со џуџест раст и остеогенеза импефекта.

Ако тоа не беше доволно за да ви го скрши срцето на илјада парчиња, на самиот Мухамед му бил дијагностициран рак на дебелото црево во фаза 2 пред три години.

Зборувајќи за својата дијагноза, тој вели: „Немав семејство со мене и бев исплашен. Го чувствував истото што децата го чувствуваат. Тие се сами.“