Вдовица донираше бубрег на истиот човек кој нејзиниот покоен сопруг го спасил пред 16 години

Во 2004 година, Џефри Гренџер доби бубрег и панкреас од починатиот Брајан Херингтон, откако тој почина од несреќа поврзана со работата. За жал Џефри неодамна доби лоши вести, дека неговите бубрези повторно откажуваат.

Откако Jефри, од Васкиса, Флорида, го прими бубрегот на Брајан, 49-годишната сопруга на Брајан, Тери останала во контакт со него и дознала дека бубрегот повеќе не функционира и дека човекот треба да се врати на дијализа.

59-годишниот Џефри преку социјалните мрежи упатил молба за хумани луѓе кои би сакале да му донираат бубрег. Тери без многу размислување му одговорила: „Ќе го добиеш мојот.“

Првично Џефри мислел дека Тери се шегува, но кога се уверил дека е сериозна таа се тестирала и за чудото да биде поголемо нејзиниот бубрег одговарал.

Џефри ја опишува Тери како ангел: „Оваа девојка беше ангел. Таа е самохран родител, а Божји дар од родител исто така. Не знам како можам подобро од неа да и вратам за толку прекрасен, животворен подарок. Тоа е еден вид на чудо, знаете?“