Вдовицата на Хју Хефнер го открива како тој користел метод „ABCD“ за да одлучи кои жени ќе бидат поканети во Плејбој замокот
Ако некогаш сте се прашувале каков бил животот во славниот Плејбој замок во неговите златни денови, вдовицата на Хју Хефнер, Кристал, откри неколку вредни детали за тој период.
Кристал, која и самата била Плејбој зајачица, се омажи за Хефнер – кој беше 60 години постар од неа – во декември 2012 година и остана со него до неговата смрт во септември 2017 година.
Во своите мемоари „Only Say Good Things: Surviving Playboy and Finding Myself“ (Кажувај само добри работи: Како го преживеав Плејбој и се пронајдов себеси), Кристал зборува за мизогинијата во замокот и споделува тајни од животот поврзан со Плејбој и легендарните забави.
Рејтинг систем за жени
На подкастот The Skinny Confidential’s Him and Her, Кристал откри дека Хефнер имал Полароид фотографии од жените кои биле поканети на неговите забави и дека постоел „цел тим луѓе“ задолжен за пронаоѓање девојки кои потоа биле оценувани според „ABCD“ систем.
„Тие избираа жени врз основа на тоа што мислат дека [Хефнер] го сака“, објасни таа.
Кристал сподели дека не очекувала дека ќе биде избрана, но сепак успеала да го помине процесот.
„Откако девојките ќе пристигнат, им прават Полароид фотографија во гаражата, и тие фотографии ги гледа Хеф,“ рече таа, објаснувајќи дека ова бил протоколот за да добијат пристап до замокот.
„Можеш да одиш на забавата, но потоа те оценуваат. Хеф има Полароиди од новата група жени и ги оценува – како А, Б, Ц, Д.“
Фотографиите се чувале во картотека со „мали фиоки во канцеларијата“ каде што се складирале сликите од жените.
За забавите, тимот на Хефнер прво ги користел фотографиите од фиоката со рејтинг „А“, објасни Кристал.
„Сите девојки со рејтинг А се покануваа први“, додаде таа.
Ако имало потреба, продолжувале со девојките оценети како Б, Ц и Д.
„Така функционираше,“ рече Кристал со насмевка, додека домаќините на подкастот изгледаа збунето.
Кристал откри дека не знаела за рејтинг системот кога ја поднела својата апликација.
„Подоцна, кога се запознав со тимот што ги правеше оценувањата, ги прашав за мојата фотографија, и тие ми рекоа дека сум десетка,“ изјави таа.
Како трета сопруга на Хефнер, таа исто така откри дека Плејбој основачот имал куфер со фотографии од сите жени кои престојувале во замокот за време на викендите, „за да не заборави како изгледаме“.
„Не сфатив дека сум А на Полароидот сè додека не останав таму за викенд,“ додаде таа.
Коментирај анонимно