Вечен спомен! Мурал во чест на Андреј од ДНК исцртан на ѕид во кафуле во Скопје

Иницијатор и автор на муралот е Дамјан, сопственик на кафулето @shoima.mk во Скопје. Неговата приказна зад овој уметнички потфат сведочи за длабоката лична врска со музиката на ДНК и ликот на Андреј.

 

 

Муралот претставува вистинско уметничко дело кое го доловува ликот на Андреј. На ѕидот е насликан неговиот препознатлив лик, а покрај него се испишани и дел од стиховите од една од најпознатите и најомилени песни на ДНК – „Круг“. Изборот на токму оваа песна не е случаен, бидејќи, како што самиот Дамјан открива, „Круг“ била неговата лична омилена песна од богатото музичко портфолио на дуото. Тој на Инстаграм напиша:

„Заедно сите расневме, се смеевме, забавувавме, журкавме до бесвест, тагувавме, плачевме, посветувавме песни на новите и стари љубови, едноставно од старо до мало сите ги обожававме…!

Тргнувајќи од себе љубовта кон Андреј и ДНК секојдневно ги пренесував низ нивните песни во кафулето, толку ги слушав што почнаа да ми викаат “досаден си Дамјан дај смени…” 😏

Кобниот ден отидов сам во @shoima.mk да читам книга мислејќи дека малку ќе ми помогне од целиот шок, но ме прекина веста за Андреј…

Затоа решив 3те работи што ми значат да ги спојам во едно: кафулето, Андреј и омилената песна од него. Ова е најмалку што можев да направам.

Андреј ќе живее вечно, како низ песните така и муралот ќе не потсеќа на неговото дело и ќе ни буди добри спомени“.

 

 

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

  • Trump напиша:

    Mir Bozji Dobar Coveku Andrej nikogas nema da umres Brate i Porakava e prava Vistina bravo Damjan povejke Makedonci so iskreni Srca i Dusi i Fali na Ovaa Zemja na Predavnici Panco So tebe sme izdrzi Ne sti Kriv Krivi se Ovie sto gi redime za Miljoni da praet na Grb ma narodov a Narod Kuti

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *