Вечерајте во најморничавиот „Мекдоналдс“ во светот – вие јадете сендвич, а под вас скелети стари и до 2000 години

Двајца клиенти на „Мекдоналдс“ неодамна го споделија своето искуство во „најморничавиот Мекдоналдс во светот“.

 

 

Партнерите Касиди и Џејмс, @Kassidy_and_James, имаа можност да вечераат со мртви тела и скелети за време на нивното неодамнешно патување во Рим, Италија.

Во клипот од 29 секунди со над 1,2 милиони прегледи, туристката го споделува своето вознемирувачко откритие додека нарачува во „Mickey D’s“ во Фратоки, место на еден час југоисточно од главниот град на Италија.

 

 

Ресторанот на клиентите им нуди уникатно искуство во објект стар 2.000 години, за кој се верува дека е поврзан со Апискиот пат, еден од најпрометните патишта во антички Рим.

„Мекдоналдс“ направи спектакл на историското место откако градежните работници ја пронајдоа скриената патека која стана гробница во 2014 година. Археолозите ископале три тела кои биле идентификувани како мажи на возраст од 35 до 40 години, според Памела Церино, археолог што учествувала во ископувањето.

 

 

Установата им овозможува на луѓето да влезат преку паркингот на „Мекдоналдс“ за бесплатно да ги погледнат артефактите одблизу. Многу луѓе признаваат дека јадењето во ресторан за брза храна овде би ги натерало да го изгубат апетитот.

„Која и да била таа личност во животот, не можела да замисли дека ќе има ваков поглед 3.000 години во иднина… лудо“, коментира некој.

 

 

Марио Федерико, шефот на „Мекдоналдс Италија“, откри дека ова не е обичен „Мекдоналдс“.

„Ова е нашиот прв музејски ресторан“, рече тој. „Успеавме да вратиме дел од римскиот пат на локалната заедница и на цела Италија. Проектот е добар пример за тоа како јавниот и приватниот сектор можат ефективно да соработуваат за враќање на културното наследство“, сподели тој.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *