Вечерва во Драмски театар претставата „Слугинки“ ги отвора Деновите на претстави на независна продукција
Претставата „Слугинки“ во режија на Теодора Силјаноска ги отвора Деновите на претстави од независна продукција што од 11 до 20 септември ќе се одржат во Драмски театар Скопје.


Претставата ја открива динамиката на современиот свет, во кој човекот лесно може да се изгуби, да ги заборави своите основни вредности и да се трансформира во нешто сосема ново, понекогаш и деформирано.
Преку анализа на општествената позиција, личната ситуираност и хиерархијата, „Слугинки“ истражува како овие фактори влијаат на нашето постоење и какви компромиси правиме за да ја задржиме својата човечност.


Претставата е приказна за двојноста на човекот, кој балансира на ивицата помеѓу гротеската и реалноста, во свет каде што играта за моќ често го погазува оној кој единствено мечтае за подобро утре.
Дали за него има место под сонцето, денес?

Претставата е во режија на Теодора Силјаноска и во неа играат Марија Цветановска, Кристина Гиева и Ванеса Тримчевска.
Информации и резервации на 076/434343 или на karti.com.mk

Коментирај анонимно