Вечна љубов! Овој пар од Виетнам е заедно од 1930-тите и е доказ дека љубовта продолжува и по смртта

Г-дин Ле Ван Се (96 години) и неговата сопруга г-ѓа Нгуен Ти Лој (88 години) живеат во Хои Ан, Виетнам. Тие се вљубиле во 30-тите години и се венчале после 10 години. Наскоро по нивната венчавка, земјата повторно паднала во канџите на војната. Г-дин Се придружил на армијата и бил заробен од непријателот за време на војната.

Со копнеж и болка, неговата сопруга останала дома, чекајќи го секој ден изгубениот сопруг. Во 1954 година, г-дин Се се вратил дома од бојното поле и парот се обединил по толку години разделба. Оттогаш, тие изградија заеднички живот и нивната љубов е посилна од ден на ден.

Двојката има 5 деца и живееле со нив во едно мало село во предградието на Хои Ан, Кванг Нам. Селото се вика Тре Кви, познато по одгледување зеленчук за снабдување на Хои Ан и околните области.

Еден ден, г-ѓа Нгуен Ти Лој се лизнала и ја скршила ногата. Таа само лежела на едно место затоа што не можела да се движи. Г-н Се, се грижел за г-ѓа Лои и нивните деца. За жал, поради староста и болката на скршената нога, таа починала на 88-годишна возраст. Со загубата на сопругата, животот на Се се претворил во голема болка и тага. Неговата здравствена состојба се влошила, но тој сѐ уште секое утро го чисти нејзиниот олтар и разговара со неа.

Голема љубов што малкумина некогаш ќе ја постигнат во животот. Живееле да се сакаат еден со друг до крајот на животот, сепак чувствувајќи се како да се млади и заљубени како денот кога првпат се запознале.