Вечна почит кон хероите: Патриотски мурал за бранителите од 2001 година блеска во срцето на Скопје
„Заклетва“ е името на муралот посветен на македонските бранители од конфликтот во 2001 година кој неодамна се појави на фасада на една од зградите во скопската општина Кисела Вода. Муралот е нацртан на површина од 80 метри квадратни и ја изразува почитта и благодарноста кон бранителите и она што тие го направија за својата земја.
Поставувањето на муралот е дело на здружението „Патриотско друштво“, а го носи името „Заклетва“ според насловната страница на истоимената книга во која се собрани сведоштва на бранители за конфликтот во 2001 година. Според здружението, подготовките за поставувањето на овој мурал траеле неколку месеци, а самото поставување на зградата се изведувало три дена, при што во целата организација биле вложени над 2.000 евра.
– Со ова дело сакаме да им оддадеме почит и благодарност на македонските бранители за сѐ што направија за својот народ и тоа да остане во сеќавањата и на идните генерации. Нашата макотрпна работа се исплатеше и цело Скопје ќе го гледа резултатот на нашиот труд. Ова е екипа која никогаш не запира, продолжуваме уште посилно – истакнуваат од „Патриотско друштво“.
Da Zivee Makedonija Vecna im Slava Stanete Makedonci uste tie sto sme Zasto nema koj ako ne Nie ako ne za Umrenite nasi Heroi za Nasite Deca Mili da ne odat po Lgbt zemji Satanski🙏🙏🙏VECNA MAKEDONIJA
Za Drzavata ,SE … Ama biznis si e biznis ! Sto ubavo si kaza Django Sapun . Kolku poveke se kurcite ,taka pomali sme , a od kurcenje ke snema vazelin na planetata…vecni da se patriotite od site “OVCI”
Никогаш да не се заборави терористичкиот напад над македонскиот народ и не смееме да ги заборавиме хероите кои го дадоа својот живот за Македонија. Вечна слава македонски синови !!!
A gde je na toj munir mullir murall kako ga zovite vi 25% a taka se grade zaednociki drzava gde smo ni sta smo vi dali drzava dvehiljadidruga jebem vi turshjja i ajvar piperkari
Prvo nauči makedonski jazik, bidejki živeeš vo Makedonija, a omaš obvrska da ja braniš Makedonija od sekakvo zlo i da ja čuvaš kako zenicata na svoeto oko, a ne da imaš za cel da ja anektiraš Makedonija kon Albanija. Ako si česen gragjanin na Makedonija će bideš gord žitel na Makedonija.
Леле какви смешки и глупости се изначитав во коментарите хи-хи-хи
Коментирај анонимно