Вејп (електронска цигара) со 600 вдушувања е еквивалент на испушени огромен број на цигари. Па, дали се навистина поздрава верзија од обичните?
Откако толку многу тинејџери и возрасни решија да ги испробаат вејповите за еднократна употреба, поради нивниот избор на вкусови и способноста да се вклопат во вашиот џеб за време на ноќно излегување, лекар на „TikTok“ излезе со предупредувања дека вејповите за еднократна употреба може да бидат сериозно опасни за вашето здравје.
Првично се продаваа како подобра алтернатива за пушењето цигари и бројот на луѓе што почнаа да ги користат толку се зголеми во последниве години што може да биде тешко да се оди по улица без да почувствувате мирис н вејп.
Тие можеби се поздрава алтернатива од пушењето цигари, но сепак апаратите не се без здравствени ризици, а зад вкусовите и привлечната амбалажа е ризик по здравјето што многумина не знаат дека постои.
На „TikTok“, д-р Онкар Мудар го изрече предупредувањето дека пушењето вејп од 600 вдишувања е „еквивалентно на околу 48 до 50 цигари“.
Тој рече: „Не само што никотинот во овие уреди предизвикува супер зависност, туку и ве става на ризик од развој на болести на непцата, сува уста, расипување на забите и рано губење на забите. Понатаму, тие исто така можат да предизвикаат лош здив. Затоа обидете се да ги избегнувате по секоја цена“.
Д-р Герет Нај предвиде дека за 10 години „цела генерација“ од 30-годишници може да страда од проблеми со белите дробови. Тој предупреди дека течноста содржи никотин и други штетни материи кои се наоѓаат и во цигарите, што значи дека иако испарувањето е побезбедно од пушењето, тоа не е без ризик.
Д-р Нај рече дека постои „загрижувачка идеја“ кај помладите луѓе дека испарувањето е безбедно кога тоа „едноставно не е точно“. Низ светот стана толку лошо што Австралија почна да поставува детектори во училиштата откако ученици на возраст од 12 години беа фатени како користат вејпови на училишна територија.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно