ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Средновековна црква останала недопрена од пеколниот пожар и станала засолниште за жителите на местото
Најтоплиот ден во годината го направи својот замав и уништи околу 63 имоти низ Велика Британија во вторникот, вклучително и 14 во Дагенхам, поради шумски пожари.
Пожарот во Венингтон, источен Лондон, беше најразорниот од голем број големи инциденти во вторникот. Уништени се најмалку 19 домови од пожарот што го зафатило селото. Пожарот бил „однесен“ кон селото од топлите ветрови среде топлотниот бран од 40,3 степени Целзиусови кои во вторникот го соборија рекордот.
Селаните морале да бегаат и да бараат засолниште, бидејќи пламените шумски пожари ги опустошувале нивните домови.
Спасот го нашле во црквата Света Марија и Свети Петар додека „пеколот“ се обидувал да го пробие селото.

Средновековната парохиска црква остана неоштетена во пожарот. Сликите ја покажуваат камената зграда недопрена – во остар контраст со поцрнетата трева што ја опкружува.
Тим Сток (66), кој работи како селски гробар и чувар на црквата, успеал да побегне со своето семејство, две кучиња и една желка.

Зборувајќи за тоа како селаните се собирале во црквата за време на пожарот, тој рече: „Ја отворивме црквата затоа што ги имам клучевите, ги внесовме сите, луѓето беа покриени со саѓи, пиеја вода, но тогаш огнот започна да се наближува и одеднаш црквата се наполни со чад што моравме пак да излеземе надвор“.
Иако тревата околу црквата е изгорена, црквата останала недопрена од пожарот.
Но иако мислеле дека готово дошол крајот, црквата сепак останала недопрена додека пожарот пустошел се околу неа.
„Изненаден сум што не изгоре да бидам искрен“. – рече Тим
Граѓаните се спасиле, но многу од нив останале без нивните миленици и без нивните домови и спомени.

И покрај максималните напори на 100 пожарникари, дури 19 домови во селото беа опожарени од пожарот, а некои семејства подоцна открија како „изгубиле сè“ во пожарот.
Г-дин Сток, чија куќа изгоре во пожарот, рече: „Изгубив сè. Куќата, градината, имавме два кошници со пчели, немаше враќање назад“.

Теру Акинфе (54) и неговата сопруга Функе (50) се меѓу 20-те семејства кои останаа без покрив над главата од пожарот во Венингтон.
„Сè што поседуваме е во таа куќа, за која работевме многу напорно да ја купиме. Но, ништо не можеме да направиме во врска со тоа и даваме се од себе за да се справиме.“ – сподели двојката

Друг локалец, Реј Смит (55) изјави: „Никогаш не сум видел нешто слично во мојот живот. Влегов во мојата кола и излегов од таму. Луѓето беа исплашени. Тоа е срцепарателно. Мислам дека изгубив се“.
Гери Руел (63), возач на камион кој беше евакуиран од неговиот дом, изјави за весникот: „Страшно е. Само што завршив со исплатата на хипотеката пред два месеци“.

Граѓаните сепак се среќни што останале живи и да не била црквата многу од нив ќе немале засолниште и како да избегаат од пожарот што се ширел премногу брзо.






Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно