Велика Британија во шок: Најопасниот затвореник во земјата, Чарлс Бронсон, може да биде ослободен од затвор за неколку месеци

Чарлс Бронсон, познат како најозлогласениот затвореник во Велика Британија, би можел да биде ослободен од затвор оваа година. Бронсон, роден како Мајкл Питерсон, е во затвор од 1974 година, првично осуден за вооружен грабеж. Неговата првична казна од седум години се зголемувала поради повеќе напади врз затвореници и чувари.

 

 

 

Во 1987 година, тој бил ослободен, но повторно вратен во затвор по второ обвинение за грабеж. Во 1999 година добил доживотна казна со минимален рок од четири години, откако држел затворски учител како заложник 48 часа.

Сега, на 72 години, Бронсон, кој го промени своето име во Чарлс Салвадор, повторно се обидува да добие слобода, со случај што ќе биде разгледан од Одборот за условна казна. Пријател на Бронсон изјавил дека тој стравува дека ќе умре во затвор, додавајќи дека тој не е истата личност како порано и дека не покажал насилно однесување во последните години.

 

 

Сепак, неговото досие, кое вклучува 11 заложнички ситуации во затвор, предизвикува загриженост. Иако во 2023 година било забележано подобрување во неговата самоконтрола, неговото барање за трансфер во отворен затвор било одбиено.

Моментално, Бронсон се наоѓа во HMP Woodhill, Милтон Кејнс. Одборот за условна казна изјави дека следното сослушување ќе трае повеќе денови, со сведочења од затворски службеници, психијатри и жртви. Одлуката ќе се базира на проценка на ризикот што тој го претставува за јавноста.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *