Велосипед кој може да се надуе и да се смести во ранец ќе биде нов хит во Јапонија

Истражувачите во Јапонија неодамна го претставија Poimo, кој се залага за преносливот и едноставно користење, па така тој може да се надуе и кога не е да се смести во ранец за да го носите насекаде со себе. За да се надуе велосипедот се користи мала пумпа, која исто така може да се смести во ранецот. Ова е удобен и безбеден начин на транспорт.

Е-велосипедот е во фаза на развој на Универзитетот во Токио, каде истражувачите имаат за цел да создадат систем на мобилност што го минимизира потенцијалот за повреди или оштетување во случај на несреќа. Poimo е изработен од термопластичен полиуретан (TPU) и комбинира лична подвижност и технологија на мека роботика, што го прави мек, безбеден и лесен што одлично за луѓето кои што ќе го носат со себе.

Потребна е нешто повеќе од една минута за да се надуе, така што корисниците можат да го возат и да се качуваат на кое било место, и доаѓа со голем број на поригидни додатоци, вклучувајќи ги тркалата, моторот, батеријата и безжичниот контролер, интегрирани во рачките.

Вкупната тежина на прототипот на велосипедот е 5,5 килограми, иако истражувачите очекуваат дека тежината може да се намали.