Вест што ќе ги израдува идните невести! 11-тиот саем на венчавки со супер саемски попусти и над 50 врвни дизајнери од Македонија и светот
Саемот за венчавки е сигурно најдоброто место за решавање на сите свадбени слатки грижи. Вообичаено најслатката грижа за секоја идна невеста е изборот на венчалниот фустан, а нејзините деверици, кума, старосватица, свекрва, мајка, грижата е да го пронајдат совршениот свечен фустан.

Епа не мора повеќе да се грижите, 11-тиот саем на венчавки кои ќе се одржи од 10ти до 12ти март 2023 година во Александар Палас, ви нуди најголем избор досега. Ќе присуствуваат над 50 изложувачи, и покрај нашите врвни дизајнери од цела Македонија, ќе можете да ги видите и еминентните странски брендови, како Моника Лоерти, Валерио Луна, Анџела Бјанка, Даниела ди Марино, Проновиас и други, кои екслузивно ќе ги претстават своите нови колекции. Исто така дел од нив ќе настапат и со индивидуални модни ревии.
Но се разбира дека само фустанот не ја прави невестата, па затоа на саемот ќе ги имате на едно место и најдобрите декоратери, фотографи, накит, покани, козметика, ресторани, подароци, односно се што е неопходно за вашиот ден да биде совршен.


И најважното, саем не би бил саем доколку нема и саемски попусти, па така со шопинг картичката „vo belo“ која ја добивате бесплатно можете да си обезбедите попуст кај изложувачите во текот на сезоната. Се што треба да направите е да пратите мејл на contact@vobelo.mk. А доколку сакате да бидете учесник исто можете да се пријавите на contact@vobelo.mk.









Коментирај анонимно