Вештерката од Владимировац: најпознатиот сериски убиец во Југославија кој им „помагал на своите клиенти да се ослободат од домашните проблеми“

Ана Драксин не е име кое многу луѓе би го препознале. Оваа жена, која живеела во денешна Србија на почетокот на 20 век, била попозната по прекарите Баба Анујка или вештерката од Владимировац. Сепак, мнозинството жители на поранешна Југославија не знаат која е таа.

Според сите истражувања, Баба Анујка била првиот сериски убиец во поранешна Југославија, а веројатно и еден од „најработливите“ сериски убијци во светот. Таа учествувала во труењето на најмалку 50, а според некои проценки и 150, ако не и повеќе луѓе.

Кога конечно била осудена за нејзините злосторства на 90 години. Осудена е на 15 години затвор, но според една верзија на приказната, таа е ослободена после осум години поради нејзината старост, за потоа да умрела две години подоцна, на 100-годишна возраст. Според друга, уште поневеројатна верзија на приказната, таа во 1941 година била пуштена од затвор од германските освојувачи, за потоа да умрела дома на 104-годишна возраст.

Баба Анујка живеела на голем имот во селото Владимировац помеѓу градовите Вршац и Панчево. Според некои извори, таа е родена во Романија, во семејство на богат сточар, во 1837 или 1838 година, а на млада возраст со семејството се преселила во Владимировац во српско-унгарско-романската провинција Банат која била воена граница на Хабсбуршката монархија во тоа време.

Се излечила од сифилис, ѝ починале десет деца, останала вдовица и почна да ја продава својата „магична вода“ со арсен

Главен извор на информации за нејзиниот живот и дело е книгата на професорот по хемија Симон Џармати со наслов Баба Анујка – вештерката од Владимировац, објавена во 2007 година која ја спаси оваа мрачна приказна од заборав.

На своето судење, Баба Анујка изјавила дека кога имала 20 години, била заведена од австриски офицер кој ја заразил со сифилис. После тоа, со скршено срце, таа се повлекла во самотија и се посветила на изучувањето на медицината, поточно неконвенционалната, народна медицина. Татко и ѝ договорил да се омажи за многу постар богат селанец од Пистово во Владимировац. За време на 20 години брак, таа му родила единаесет деца, но дури десет починале. Откако нејзиниот сопруг починал во педесеттите, таа изградила еден вид лабораторија во едното крило од куќата и го започнала својот мрачен занает.

Анујка станала вештерка која на своите клиенти им продавала „магична вода“, односно „чудесни“ напивки кои требало да ги решат нивните брачни, финансиски и други проблеми. Меѓутоа, според сите проценки, решението за проблемите на клиентите значело смрт на личност која им создавала проблеми.

Секогаш прашувала колку е тежок проблемот при дозирање на отровот

„На прв поглед таа била убава стара дама, но на втор, трет или петти поглед била опасен трујач и вештерка. Многу често, таа не ги ни познавала своите жртви. Од друга страна, таа исто така мислела дека всушност им помага на луѓето да ги решат своите проблеми“. Џармати пишува во својата книга.

Џармати во интервју вели дека Баба Анујка прво ќе ги прашала своите клиенти колку е тежок проблемот. Со тоа, таа сакала да праша колку тежи лицето за да може правилно да го дозира отровот. Врз основа на тоа, таа можела прецизно да предвиди колку време ќе му треба на лицето што ќе ја испие нејзината „вода“ да умре од неа.

„После осмиот ден, повеќе нема да имате проблем“, им велела таа на своите клиенти, а за својата смртоносна напивка наплаќала некаде помеѓу 2.000 и 5.000 динари  твооа време.

Меѓутоа, не секоја нејзина напивка била наменета за убивање. Некои клиенти сакале да ги извлечат членовите на своето семејство од воена служба. Баба Анујка во тој случај би им дала поблага варијанта на отровот, што би ги направило клиентите неспособни за служеше на воен рок. Некои ја молеле да им ја предвиди иднината, вклучително и некои богати и моќни поединци кои слушнале за неа.

Нејзините клиенти биле претежно жени, а жртви претежно нивните сопрузи

„Многу доаѓале кај неа за помош, дури и генерали и министри кои верувале во нејзината моќ и верувале дека таа може да им го покаже вистинскиот пат. Откако ќе забележела дека клиентот има пари, таа се преправала дека тој ден не може да практикува магии. Таа ќе им кажела да се вратат друг  ден, знаејќи дека нема да заминат бидејќи не било лесно да се патува од еден град во друг во тоа време. Потоа, кога се обидувале да ја убедат да ги вметне во нејзиниот распоред таа им нудела место за да преноќат. За таквите гости имала соба, кои требало да се платат дополнително“, објасни Џармати.

Доста интересно е што, барем што се однесува до труењето, нејзините клиенти биле главно жени, а жртви главно биле нивните сопрузи, од кои сакале да се ослободат поради една или друга причина.

Нејзината крвава „кариера“ наводно траела 40 или дури 50 години, а со текот на времето почнале да кружат страшни гласини за неа и за наводните стотици убиства што ги извршила. Меѓутоа, австроунгарските власти ги игнорирале додека не била уапсена за прв пат во 1914 година.

Баба Анујка успешно ја избегнувала правдата уште 14 години, се` додека не завршила Првата светска војна, а Австро-унгарската монархија се распаднала и била заменета со Кралството Југославија. Потоа, во 1928 година, труењето тргнало наопаку.

Осудена дури во 1928 година, таа негирала сè до крајот

Дозата отров наменета за богатиот вдовец Гаја Прокин од Иланџа не била доволно силна, па несреќниот маж успеал да оди на лекар пред да почине неколку дена подоцна. Напивката, во овој случај, не ја подготвила Баба Анујка, туку нејзината помошничка Љубинка Миланков. Тогаш била извршена обдукција и таа, се разбира, открила дека Прокин бил отруен. Миланков ја признала и својата и улогата во убиството, по што работите почнале да се расплетуваат.

Откриени се и други труења, како оние на Никола Момиров и Лазар Лудоски. Софија Момиров, убава млада жена, наводно го отрула сопругот Никола за да може да биде со својот љубовник. Таа го признала делото и го издала лицето кое и дало отров.

Светски вести

Иако ги негирала своите злосторства и се правела дека не слуша непријатни прашања додека сведочела, Баба Анујка на крајот била осудена на 15 години затвор, додека нејзините соучесници Стана и Софија Момиров биле осудени на доживотен затвор.

„Почина на сто години од деменција. Не се знае дали направила повеќе злосторства кога излегла од затвор. Има многу непроверени приказни. Според некои, таа сè уште се занимавала со занаетот, луѓето повторно доаѓале кај неа , а полицијата не направила ништо. Јас лично се сомневам во тоа. Иако со своите отрови убила 150 души, таа била една од највлијателните жени на сите времиња“, заклучува Џармати.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.