Ветеран од Втората светска војна почнал да црта за да спаси мајка на 11 деца, болна од рак

Леза била скршена кога нејзината пријателка ѝ кажала дека има рак во 4-та фаза. Кели Вотсон е мајка на 11 деца, од кои 7 се посвоени и со посебни потреби.

Леза барала било како начин да ѝ помогне на својата пријателка, закоја пред сѐ вели дека е прекрасен и хуман човек.

Таа го контактирала уличниот уметник Дејвид Зин за да организираат хуманитарен настан преку продавање на неговите дела. Уметникот прифатил и работите почнале да се одвиваат, но нивната популарност ја зголемила добрата намера на еден стар човек.

Таткото на Леза, ветеран од Втората светска војна ги погледнал цртежите на Зин и рекол: „И јас можам да го нацртам ова“. Така 92-годишниот човек почнал да црта и станал атракција откако почнале да се продаваат и неговите цртежи, кои ќерка му ги објавила само за забава на социјалните мрежи.

Ветеранот продолжува да ги донира сите пари кои ги заработува од цртежите за лекувањето на Кели и сите се надеваат дека среќата на оваа жена и нејзините деца ќе им се насмее.