Ветувачка пешачка патека: 1.000 километри убавина за да се поправи најголемата природна катастрофа после Чернобил
Кобниот 23 март 2011 година Јапонија беше погодена од една од најголемите природни катастрофи. Земјотресот со јачина од 9 степени предизвика страшни последици. Толку страшни што настанот се споредува со Чернобил. Епицентарот, во близина на најголемиот јапонски остров Хоншуа, предизвика цунами со разорни последици за регионот Тохоку на неговиот североисток.
Огромните бранови ги потопија генераторите за ладење на нуклеарниот реактор Фукушима Даичи и принудија повеќе од 160.000 жители да се спасат од радијација. Многу жители мораа засекогаш да ги напуштат своите домови. Силата на земјотресот и цунамито ја променија геоморфолошката слика на делови од земјата и оставија бројни лузни: од човечки жртви, огромни материјални штети и економија до загадување на животната средина.
Но, десет години по разорното цунами што го опустоши јапонскиот брег, областа повторно ги привлекува љубителите на природата во потрага по идилични патеки и видиковци благодарение на напорите на регионот да инвестира милијарди долари во изградба на патишта, куќи и пешачки патеки.
Резултатот од инвестицијата е повеќе од 1000 километри пат долж источниот брег на Тохоку. Наречен крајбрежна патека Мичиноку, проектот беше лансиран во 2012 година од јапонското Министерство за животна средина во соработка со локални организации за да се врати надежта кај жителите и да се промовира одржливоста.
Патувањето кое служи како мост меѓу природните убавини и локалните заедници започнува во градот Сома, во префектурата Фукушима која се криви на север низ префектурите Ивату и Мијаги, каде цунамито остави страшни последици и стигнува до градот Хачиное во префектурата Аомори.
Иако беше завршен во 2019 година, патот не привлече многу посетители поради пандемијата. Сепак, понекогаш планинарите и туристите се среќаваат тука, следејќи го брегот на Тихиот Океан по тревните шеталишта низ шумите, истражувајќи скриени плажи и карпи, упатувајќи се кон рибарските пристаништа. И додека некои крајбрежни села и градови се само малку допрени од страшните настани, други се реновираат што ќе обезбеди подобра иднина. Се предвидува дека крајбрежната патека Мичиноку ќе заживее дури следната година и потоа ќе стане култна јапонска рута која истовремено ги слави убавините на природата, но и предупредува на нејзината разорна моќ.