Вежбањето како гориво за мозокот: Зошто треба да сте физички активни независно на која возраст сте во моментов?
Без разлика на возраста или интензитетот на тренингот, секоја физичка активност има позитивно влијание врз мозокот. Според најсеопфатната анализа досега, најголема корист во меморијата имаат децата и адолесцентите, додека кај лицата со АДХД најзначителен е напредокот во извршните функции, како планирање и решавање проблеми. Сепак, воопшто земено, сите возрасни групи покажуваат слични резултати, без разлика на времетраењето или зачестеноста на вежбањето.
Кои вежби најмногу помагаат?
Дури и видео игрите што бараат физичка активност, како Pokémon Go, имаат позитивно влијание. Најдобри резултати во когнитивниот развој се забележани кај активности што вклучуваат сложени движења, како јога, таи чи и боречки вештини. Ова укажува дека и лесни, но интерактивни вежби можат да донесат значајни когнитивни придобивки.
Оваа обемна анализа опфаќа 133 систематски прегледи, со повеќе од 2.724 контролирани студии и над 250.000 учесници.
Истражувачите заклучуваат дека физичката активност може значително да ја подобри општата когнитивна функција, меморијата и извршните способности, што ја прави важен дел од одржувањето на здравјето на мозокот.
Коментирај анонимно