Ви го претставуваме најукрасеното село во Англија во кое жителите се фанатици за новогодишниот дух

Соседите се собраа заедно за да го претворат целото свое село во светлечко зимско чудо за да соберат илјадници евра за добротворни цели овој Божиќ. Сопствениците на домови во Хаутон, Стафордшир, ги украсуваат своите имоти со празнични светла, откако традицијата ја започнал селскиот управник Берт Мур во 1984 година. Тој го украсувал својот дом за неговите внуци, но откако починал минатата година целото село решилод а ја продолжи традицијата.

Оваа година, над 100 имоти потрошија илјадници евра да ги декорираат своите домови со славни Божиќни светла со вкупно околу 10,000 светилки. Посетителите се собирале во руралното село за да ги видат празничните осветлувања и досега се донирани повеќе од 6.000 евра на повеќе добротворни организации, како и на локалната црква и училиште.