Ви здосади да пиете кафе? Отсега може наутро за појадок да си го намачкате на леб!

Заборавете на џемот, мармаладот или „Нутелата“ – сега може да уживате во кафе на леб за појадок.

 

 

Швајцарската компанија „No Normal Coffee“ лансираше паста направена од „Fairtrade“ арабика зрна, со вкус на темно печено кафе. Оваа паста е засладена со органски шеќер од цвекло и згусната со ксантанска гума.

Туба од 100 гр., која може да се нарача онлајн за 15 долари е доволна за околу 50 парчиња леб или 25 сендвичи. Покрај тоа, пастата може да се користи за подготовка на кафе – една туба обезбедува до 20 шолји кафе кога се раствори во врела вода.

Производот има рок на траење до 12 месеци без потреба од ладење. Некои корисници ја користат пастата за иновации, како што се додавање во еспресо мартини или подготовка на тирамису.

„No Normal Coffee“ испорачува нарачки ширум светот, од Исланд до Латинска Америка, а тубите стигнале и до Антарктик и Монт Еверест.

 

 

Идејата за овој уникатен производ е родена во 2023 година, додека швајцарските планинари Александар Хеберлин и Филип Грајнахер ги истражувале Пенинските Алпи. Господинот Хеберлин изјави за „The Daily Telegraph“: „Додека ги тестиравме првите прототипи, експериментиравме со различни начини за растворање – топла вода, ладна вода, млеко. Во еден момент, Филип ја нанесе пастата на енергетско барче и проба. Неговиот израз кажуваше сѐ – беше неверојатно“.

Тие ја избрале алуминиумската туба како пакување поради нејзината практичност и издржливост – карактеристика типична за швајцарските производи.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *