Виагра рано на сабајле (виц)

Рано сабајле во 8 часот, еден млад дечко влегува во аптека и прашува:
– Имате ли виагра?
– Има, повелете. – И му дава едно апче.
Дечкото вади 2000 денари да си плати.
– Многу е рано, рекол аптекарот. Немам да ви вратам кусур…
– Нема проблем. Јас секако треба да пазарам во пиљарата до вас. Ќе испазарувам и ќе ви платам.
Испазарувал тој овошје и зеленчук, но и таму истото. Рано било, немале да му вратат кусур.
– Нема проблем. Ќе купам месо од месарата до вас, ќе раситнам и ќе ви платам.
Во месарата истата приказна. Потоа и во пекарата исто така немале да му вратат.
– Нема проблем. Ќе побарам од таксистот да ми раситни, тој сигурно има ситно.
Ги качил кесите во таксито и заминал, се разбира.
После еден саат, во аптеката влегува друг дечко и прашува:
– Виагра имате ли?
– Има… има…
– А како е? Функционира ли?
– Па… Пред вас еден дечко, зеде едно апче и ни ја е*а мајката на цело маало!