VIBE UP – Шпаркасе Банка ја лансира првата едукативна платформа за кариерен раст во Македонија
Шпаркасе Банка АД Скопје воведува нешто што ќе ја промени играта за младите – Vibe Up, првата бесплатна едукативна платформа за кариерен раст во Македонија!

Ова не е само уште еден онлајн курс – ова е можност да стекнеш вештини што ќе ти го отворат патот до професионален успех! Платформата е бесплатна и достапна ексклузивно само за Vibe On корисниците на Шпаркасе Банка, а целта ѝ е да ја зголеми вработливоста на младите, нудејќи им 13 моќни курсеви, развиени од врвни домашни и меѓународни експерти. Нејзината мисија е да ги инспирира и да ги оспособи индивидуите да го достигнат својот кариерен потенцијал и да ги остварат своите професионални амбиции, а на тој начин и да се создаде квалитетен кадар за компаниите, со што се зајакнува заедницата и економијата.

🧑💻 Што добиваш со Vibe Up?
✅ Неограничен пристап до 13 практични курсеви – креативност, иновации, емоционална интелигенција, дизајн размислување и многу повеќе!
✅ Платформа дизајнирана за млади – интуитивна, лесна за користење и достапна секогаш кога ти треба.
✅ Поврзување со ментори и компании – гради контакти, отвори врати и направи чекор кон кариерата што ја сакаш.
✅ Персонализирано искуство – индивидуална поддршка за кариерен развој.
✅ Сертификат за завршен курс – докажи ги своите нови вештини пред работодавците.

Подготви се за иднината!
Во светот на вештачката интелигенција, меките вештини како креативност, емпатија и критичко размислување се твојот адут! Vibe Up ти овозможува да ги усовршиш овие вештини преку интерактивни курсеви и менторство од врвни професионалци.

Вложување во младите – приоритет на Шпаркасе Банка
„Шпаркасе Банка е препознаена како банка за млади и тоа за нас значи гордост, но и огромна одговорност. Активно вложуваме во иднината на младите и со таа цел во континуитет создаваме проекти со трајни вредности за младите генерации. VIBE UP ќе им овозможи на младите да се стекнат со знаења и вештини и подготвеност да пристапат на пазарот на труд остварувајќи си ги своите кариерни аспирации“, вели Ивана Петревска, директорка за маркетинг и комуникации на Шпаркасе Банка.

VIBE ON – ПОВЕЌЕ ОД БАНКАРСКА ПОНУДА
Vibe Up е дел од Vibe On концептот за млади, кој нуди:
💡 Финансиска едукација
🎤 Настани и работилници
💰 Ексклузивни попусти
🏦 Бесплатни банкарски производи
Ако си дел од Vibe On, Vibe Up е твојот следен чекор кон успехот. 🚀
Време е да го надградиш својот потенцијал – VIBE UP!


Коментирај анонимно