Виц на неделата: Родителите решиле да се разведат после 43 години брак
Таткото Македонец му се јавува на синот кој живее во Америка:
– Синко, морам да ти кажам дека мајка ти и јас се разведуваме. 43 години ми беа доволни…
– Тато, немој така да зборуваш. И тоа сега, пред Нова година и Божиќ!
– Веќе не можеме да се поднесуваме. Тоа е тоа… Ама не се осмелувам да ѝ се јавам на сестра ти. Подобро ти кажи ѝ.
Очајниот син ѝ се јавува на сестра си во Англија, а таа налутена му вели:
– Како може да се разведуваат на тие години?! Остави ми го тоа мене, јас ќе средам сè.
Потоа му се јавува на татко ѝ:
– Не смеете да се разведувате. Нема шанси! Ништо да не правите додека јас и брат ми не дојдеме!
Таткото го спушта телефонот и задоволно ѝ вели на жена си:
– Мила, сè оди по планот. И двајцата ќе си дојдат за празниците и сами ќе си ги платат картите…
Коментирај анонимно