Виц за секое македонско министерство (виц)

Во македонски суд тече постапка за навреда на службено лице. Судијата:
– Сте напишале дека од 10 вработени во министерството, 9 земаат мито, за која што изјава следува голема казна. Единствената шанса да не го направам тоа е да се одречете од зборовите и да се извините!
– Добро, се извинувам. Тогаш ќе речам дека од 10 вработени во министерството, 1 не зема мито.