Вицови за деца (прв дел)

Зошто не треба да му кажуваш виц на балон?
– Ќе пукне од смеење.

– – – – – – –

Синот му вели на таткото:
– Тато знаеш ли кој авион најмногу доцни?
Таткото мисли, мисли и на крај несигурно одговара:
– Тој од Белград за Скопје?
– Не тато, тој што заборави да ми го купиш за Нова Година.

– – – – – – –

Како ти се допаѓа новиот ресторан на Месечината?
Храната е одлична, но атмосферата не е баш добра.

– – – – – – –

Што ѝ вели вукланот на својата жена?
– I lava you so much

– – – – – – –

Како се вика лав без грива?
– ЌеЛАВ

– – – – – – –

Мила:
– Дигитронот е најдобриот пријател на човекот.
Петар:
– Зошто?
Мила:
– Па секогаш можеш да сметаш на него.

– – – – – – –

Си одат два компири по улица. Едниот го гази џип, а другиот вели:
– Ууууу, пире го направи!

– – – – – – –

Каде Супермен купува храна?
– Во супермаркет.

– – – – – – –

Си одат две чачкалици по улица. Поминува еж и едната ѝ вели на другата:
– Еј, а да одиме со автобус?

– – – – – – –

Синот ѝ вели на мајката:
– Мамо, мамо, научив да бројам од 1 до 5!
Мајката:
– Ајде да слушнам.
Синот:
– 2, 3, 4, 5!
Мајката:
– А каде ти е единицата?
Синот:
– Во тефтерот на учителката.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *