Видеа покажуваат како мајките во Авганистан очајнички се обидуваат да ги спасат своите бебиња

Се појавија тажни снимки на кои се гледа како бебе е подавано преку толпата луѓе на аеродромот во Кабул, во очаен обид да биде спасено.

Вознемирувачката снимка, снимена на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи, покажува како малото дете се пренесува преку народот кон портата, што е силен потсетник за жртвата што би ја направиле многу родители за да ги спасат своите деца од Талибанците.

Видеото, првично поставено на Инстаграм од британскиот новинар Рустам Вахаб, оттогаш е споделено со целиот свет и ни го доловува вистинскиот терор на живеење под талибанскиот режим.

Се појави уште едно тажно видео на кое што можеме да видиме како очајни Авганистанци подаваат бебе преку бодликава ограда на американските војници во обид да го спасат од Талибанците.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!