(видео) Австралиецов пронашол 100 отровни змии во неговиот двор. Не знам за вас ама ние веднаш би се отселиле!

Еден сопственик на куќа бил ужаснат кога открил речиси 100 отровни змии, заплеткани во црна, виечка маса во неговиот двор – случај што експертите го опишуваат како „редок феномен“.

Проблемот започнал минатата недела кога Дејвид Стајн прво забележал неколку од овие лизгави суштества собрани во неговата градина – што го натерало веднаш да повика специјализиран тим за отстранување.

 

 

Додека чекал помош, почнал да истражува на интернет и дознал дека црвено-стомачните црни змии (red-belly black snakes) имаат навика да се качуваат една врз друга пред да се породуваат.

Токму така – кога ловецот на змии Дилан Купер пристигнал во куќата на Стајн во едно предградие на Сиднеј неколку часа подоцна, двајцата заедно откриле вкупно 102 отровни змии – од бремени женки до штотуку изведени младенчиња, скриени во градината.

„Кога ќе видиш толку многу змии на едно место, ти се ежи кожата“, изјави Стајн.

 

Тие веднаш се фатија за работа, ги ставија змиите во вреќи и ги однесоа подалеку. Неколку од нив дури се породувале додека биле во вреќата.

„Може да се случи да најдеш повеќе змии кога младенчињата се испилуваат“, вели Кори Кереваро, сопственик на компанијата Reptile Relocation. „Но, да најдеш ваков број на отровни змии, никој досега нема видено такво нешто.“

На крајот, професионалците избројале пет возрасни змии и 97 младенчиња.

 

 

 

Видео од тоа како змиите се извиваат во една маса, објавено на Facebook страницата на Reptile Relocation, предизвика шок кај гледачите.

„Јас би се отселил веднаш!“ напишал еден корисник.

„Јас не би ни ги спакувал работите. Само би заминал“ се согласил друг.

 

Но, Скот Ајпер, австралиски експерт за змии, тврди дека „ова е изолиран случај“.

Стајн бил предупреден дека следната година може да се случи змиите повторно да се вратат за да се породуваат, па затоа решил да го направи дворот непогоден за нив.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *