ВИДЕО: Како го преживеа тоа?! Сообраќаен полицаец „за влакно“ ѝ бега на смртта, откако „БМВ“ со брзина од 190 километри на час го удира на сред автопат
Ова е шокантен момент кога автомобил без контрола скршнува со повеќе од 190 километри на час низ неколку сообраќајни ленти и удира во полицаец.
Снимката која ќе ви го запре срцето е снимена на полициска камера додека еден полицаец правел рутински сообраќаен претрес во Ферфакс, Вирџинија, во понеделникот.
Инцидентот лесно можел да заврши со трагедија, но полицаецот видел како возилото тргнува кон него и тој можел да се тргне од патот.
Автомобилот што се движел со голема брзина потоа се судрил со возилото што било во мирување, при што само му ја пресекол ногата на полицаецот и го соборил на земја.
Возачот на вонконтроланото „БМВ М3“ од 2018 година е идентификуван како 17-годишник. Тој беше обвинет за несовесно возење откако експертите за реконструкција утврдија дека автомобилот возел 190 километри на час во зона во којашто смеело да се вози 60 километри на час.
За чудо не се пријавени поголеми повреди, иако во црното „БМВ“ покрај возачот имало и двајца тинејџери сопатници. Сите тројца во црното „БМВ“ носеле појаси, соопшти полицијата.
Возачот на црното „БМВ“ беше обвинет за несовесно возење, прекршок кој често може да резултира со затворска казна во Вирџинија. Полицијата соопшти дека возачот имал 17 години, а државниот закон ги ограничува да го идентификуваат или да објават какви било детали за несреќата што би можеле да се искористат за негово идентификување.
Коментирај анонимно