(ВИДЕО) Како од романтична комедија: Жена истрчува пред авион за да го запре, поради тоа што пропуштила претходно да се качи во него
Уште еден ден, уште еден невнимателен патник во авион што го прави пријателското небо непријател.
Овој пат, една патничка решила да истрча на асфалтот на аеродромот во обид да спречи авион, поради тоа што го пропуштила.
„Госпоѓа која го пропушти својот лет јасно мислеше дека сè уште може да го фати“, напиша очевидецот Сајмон Хејлс во објава на „Фејсбук“, опишувајќи го смешниот инцидент што се случил во средата на аеродромот Канбера во австралиската област Мајура, објави „9News“.
Според Хејлс, жената без пробелм поминала покрај обезбедувањето и „се спуштила на асфалтот“ за да се обиде да го запре летот на „QantasLink“ што полетувал за Аделаида.
На шокантната снимка, неидентификуваната жена може да се види на пистата како се обидува да му даде знак на авионот да застане, небаре чека такси.
Непотребно е да се каже дека случајните минувачи беа запрепастени поради несекојдневната сцена, која евоцираше лик во романтична комедија кој се обидува да го спречи саканиот да замине.
За среќа, пилотот го згаснал моторот, по што австралиската федерална полиција (AFP) ја привела патничката.
Како резултат на невнимателната „прошетка на пистата“ на жената, сите летови завршија со одложување 10 минути, но потоа се вратија во нормала.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно