Видео кое го шокираше светот во време на пандемија: Шпански диџеј пие алкохол па со уста ја прска публиката

Видеото кое во последните денови ја загрози јавноста доаѓа од Шпанија и тоа од позната личност. На видеото објавено на Твитер се гледа како DJ Fali Sotomayor пие алкохол од шише, по што ја прска публиката преку устата. Ова не би било толку неморално доколку не се случеше во екот на пандемијата со коронависрусот каде постојано се апелира за одржување на хигиена, достанца и носење на заштитни маски.

Оваа сцена доаѓа само неколку дена откако властите во Шпанија одлучија да воведат рестриктивни мерки за патување. DJ Fali Sotomayor ѝ се извинил на јавноста по објавување на видеото велејќи дека му е срам за своите постапки.