Видео на НАСА ја прикажува Земјата како „живо суштество“

Сликите на Земјата од вселената во голема мера изгледаат исти; сина топка со парчиња зелена земја. Сепак, ново видео од НАСА ја илустрира нашата планета како живо суштество. Студиото за научна визуелизација во НАСА се надмина себеси со седумдневен тајмлапс на Земјата, што го покажува нашиот дом на сосема нов начин. Користејќи податоци од системот за набAудување на Земјата Годард на НАСА, верзија 5 (ГЕОС-5), тимот успеа да ги искористи податоците за да ја визуелизира Земјата.

Тимот користеше симулација за облаците наречена 7 км GEOS-5 Nature Run (7 км-G5NR) и му беше потребен супер компјутер за обработка на големите и сложени податоци. Гледањето на Земјата во ова ново светло веројатно ќе заинтересира многу луѓе кои сакаат да разберат како се движат облачните формации и комуницираат со атмосферата. Во овој случај, јасно се гледа тајфун од категорија 4 кај бреговите на Кина и ваквите активности несомнено ќе ги возбудат луѓето кои се заинтересирани за Земјата, како и за вселената.