Видео од силното торнадо што ја погоди Германија, корнеше дрвја и повреди 50 луѓе

Ветрови со брзина до 130 километри на час го погодија западниот град Падерборн во Германија. „Торнадото предизвика значителна штета и во градот во покраината Северна Рајна-Вестфалија“ , изјави портпаролот на полицијата. Откорнати се многу дрвја и покриви. Исто така, во јужниот регион Централна Франконија, се урна дрвена колиба, при што беа повредени 14 лица, меѓу кои и деца. Една жена (37) била пренесена со хеликоптер во болница со сериозни повреди.

На фотографиите кои се споделуваат на социјалните мрежи, може да се видат превртени автомобили во градот Падерборн. Железничкиот сообраќај исто така беше во прекин, а полицијата побара од луѓето да останат внатре. Претходно, германските метеоролошки служби објавија предупредување за бура и предвидуваа ветрови до 130 километри на час (80 милји на час) на некои места. Лошото време најпрво го погоди западниот дел на земјата, а подоцна во вечерните часови го зафати и источниот дел на земјата.

Пратеник на Зелената партија објави на Твитер : „Потсетување дека климатската криза нема да запре и дека екстремните временски услови ќе продолжат да се зголемуваат“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!