Видео од слатко папагалче и неговиот „неверојатен талент за пеење“ ни покажува колку е наивен интернетот
Преслатка птица од Мемфис, САД, стана сензација на ТикТок откако се појави видео на кое се гледа како го покажува нејзиниот извонреден талент за пеење.
Во оваа видео-снимка изгледа како слаткото мало папагалче наречено Печурка да пее со силни емоции, а некои корисници на Тик Ток коментираа дека има подобри гласовни способности од денешните поп-ѕвезди.
Клипот е прегледан повеќе од 180.000 пати во моментот на пишување, а малата Печурка преку ноќ стана интернет сензација.
Секако тука станува збор за монтирано видео и совршен тајминг, иако многу луѓе поверуваа во автентичноста на снимката, ова само ни докажува колку може да бидат наивни интернет корисниците.
