(ВИДЕО) Осуден криминалец од Лас Вегас нападна судијка за време на сослушувањето затоа што му била одбиена кауција и морал да се врати во затвор

Судијката Мери Кеј Холтус од Окружниот суд Кларк беше на средината на изрекувањето на пресудата кога осудениот криминалец Деобра Делоне Реден ја нападна во средата наутро.

Видео снимката го покажува дивиот момент кога Реден излета од местото каде што стоеше и скокна во судиската клупа.

Маршалот заедно со судијата се обидоа да го избегнат нападот, но Реден се фрли врз двајцата и почна брутално да ја тепа судијката Холтус.

На снимката може да се слушне како тој постојано ја удира Холтус и вреска по неа користејќи експлицитен јазик, а во меѓувреме безбедносните службеници се обидуваат да го задржат. Се слуша како судијката го моли да се симне од неа.

Реден иронично беше осуден за тежок и агресивен напад со значителни телесни повреди непосредно пред да го започне овој напад на судијката.

Судијката Холтус се здобила со повреди како резултат на нападот и нејзината состојба се следи. Маршалот исто така Еповреден и пренесен во болница по бруталниот напад.

„Ги пофалуваме херојските дејствија на нејзиниот персонал, органите на редот и сите други кои го покорија обвинетиот. Ги преиспитуваме сите наши протоколи и ќе направиме се што е потребно за да ги заштитиме судството, јавноста и нашите вработени.“, рече Окружниот суд во Лас Вегас.

Реден има криминална историја која вклучува обвиненија и во Невада и во Тексас. 30-годишникот се соочи со обвиненија за напад, грабеж, повреда на имот и принуда, покажуваат записите.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *