ВИДЕО: Пресладок момент кога кученце инвалид ќе добие подарок „Мерцедес Бенц” инвалидска количка

Социјалните мрежи полудеа по слаткото кученце, на кое му беше подарена инвалидска количка „Merecdes Benz“ направена по нарачка.

 

 

Бани, куче спасувач од Мексико, ги освои срцата на стотици луѓе преку неговата неверојатна приказна која има прекрасен крај.

Таа била пронајдена на почетокот на годината откако во неа удрил автомобил и нејзините сопственици трагично ја напуштиле.
Повредите на Бани не можеле да се санираат, па таа морала да оди на итна операција за отстранување на двете задни нозе.
За среќа, за неа се грижел спасителот на кучиња Хенри Фридман (@keepingfinn на „Инстаграм”), што довело до целосно закрепнување.

 

 

Во едно возбудливо видео, гледаме како Бани  трча наоколу на нејзините две нозе – Хенри објаснува дека и била потребна инвалидска количка за да може да се движи правилно.

На оригиналното видео објавено од спасувањето на кучето во април, некој оставил коментар во кој пишува „Ова куче заслужува Мерцедес бенз инвалидска количка!”

 

На Хенри коментарот му бил смешен, согласувајќи се дека таа го заслужува најдоброто , па решил да стапи во контакт со автомобилската компанија и да ја сподели приказната на Бани.
На „Мерцедес Бенц” му се допаднала приказната и му понудила нов комплет тркала на кученцето.
Во емотивен клип, вработените во компанијата плескаат и навиваат додека Бани влегува во собата за да ја види својата нова инвалидска количка за прв пат.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *