Видео: Првиот пациент со мозочниот чип на Илон Маск игра шах и го мрда курсорот на компјутерот само со СВОЈОТ УМ

Илон Маск сподели девет минутен пренос во живо од првиот пациент, Ноланд Арбо, кој го користи неговиот мозочен чип Neuralink. Тој на видеото игра шах само СО РАЗМИСЛУВАЊЕ.

Маск рече дека првата карактеристика на мозочниот чип што се тестира е „телепатија“, со идеја дека пациентот со Neuralink може да контролира уред само со размислување.

Па тоа значи дека чипот ги чита мислите, СИТЕ мисли? Никој нема контрола што да чита а што не?!

Сепак се чини дека на пациентот Ноланд Арбо тоа не му смета и го користи својот ум за да го контролира курсорот на компјутерот и да игра шах.

29-годишниот Арбо е квадриплегичар кој бил парализиран од вратот надолу по нуркачка несреќа и во јануари му бепе вграден чип Neuralink во телото.

Во преносот во живо, тој можеше да игра шах само со својот ум, велејќи дека ја играл играта уште од неговата несреќа со користење на устата, но тоа не се споредува со користење на неговата моќ на мозокот. Како што покажа снимката, тој можеше да преместува фигури на игра шах на својот компјутер.

 

Ноланд гордо изјави дека исто така ја играл неговата омилена игра „Цивилизација VI“ со часови и рече дека е пресреќен дека има можност повторно да го направи тоа, откако мислел дека никогаш нема да добие шанса да ја игра по несреќата.

Единствената пречка е што после толку часови играње мора да чека да се наполни имплантот Неуралинк. Се чини дека откако ќе го користите осум часа одеднаш, на мозочниот чип му треба малку време за да се наполни.

Се надеваме дека ќе останат така задоволни и кога чипот ќе ги чита и мислите што и баш не би сакале да ви бидат прочитани.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *