ВИДЕО: Статитчно торнадо на студените планини во Кина го изненади светот
Во провинцијата Кингхаи, која се наоѓа на границата со Тибет и го покрива планинскиот венец Кунлун, забележан е чуден феномен. На 7 мај 2024 година, камера сними статично торнадо над врвовите покриени со снег.
Видеото предизвика жестоки дискусии на кинеските социјални мрежи и пошироко. На снимката се гледа како вителот налик на торнадо се појавува неподвижен – нешто нечуено за ваков метеоролошки феномен. Торнадата обично се формираат во топли, влажни воздушни маси, но Кингхаи е познат по студените зими и студените лета, што ги прави торнадата многу невообичаени таму.
Експертите изнесуваат различни теории. Некои шпекулираат дека ова можеби бил редок случај на „снежно торнадо“ предизвикано од уникатна комбинација на климатски услови. Други се скептични за автентичноста на видеото, посочувајќи на употребата на современи технологии за негово создавање, вклучувајќи невронски мрежи и програми за уредување видео.
Сепак, под претпоставка дека видеото не е дигитално манипулирано, феноменот може да се објасни со огромната големина на торнадото и неговото значително растојание, што го прави неговото движење невидливо во краткото видео.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Буфалово го боли „копитото“ за торнадото!!!
Коментирај анонимно