(видео) Трагедија во забавен парк во Шведска: Една жена е убиена и неколку повредени откако ролекостер со брзина од 90 километри на час излета од шините

Застрашувачкиот инцидент се случил на ролеркостерот Jetline во забавниот парк Грона Лунд во Стокхолм, стар 140 години. Во паркот се забележани возила на брза помош, противпожарни возила и авионска брза помош, а полицијата соопшти дека истражува.

Стокхолмската полиција потврди дека седум лица, меѓу кои и деца и возрасни, се згрижени во болница, а за жал една жена почина.

35-годишна жена загинала откако ролеркостерот на кој имало 14 лица излетал од шините. Три лица се тешко повредени, додека три деца со полесни повреди се пренесени во болница.

 

 

Ролеркостерот на Jetline со челична патека достигнува брзина до 90 километри на час и висина од 30 метри, превезувајќи повеќе од еден милион посетители секоја година, се вели во забавниот парк на својата веб-страница. Опишан е како „класичен ролеркостер полн со стрмни падини и остри кривини“.

 

Џени Лагерштет, новинарка која го посети паркот со своето семејство, изјави дека била во близина и слушнала метален звук и забележала дека структурата на патеката се тресе во моментот на несреќата.

„Мојот сопруг виде ролеркостер со луѓе во него како паѓа на земја. Моите деца беа исплашени“, рече Лагерштет.

Корнелија, која штотуку завршила со возењето со својот син, изјави за локалниот печат дека луѓето почнале да трчаат, додавајќи: „Имаше многу врескање. Никој не знаеше што се случува“.

Паркот е затворен и започнува истрагата.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *