ВИДЕО: Ваков женски рап ретко се слуша – Дијана ОГ со новата „Ослободи ме“, базирана на вистинска приказна

Нашата добро позната раперка и пејачка, под уметничкото име Дијана ОГ, го објави новиот музички видеозапис за песната „Ослободи ме“, дел од нејзиниот актуелен EP/албум во подготовка – „6 Грама“. Станува збор за третото издание од вкупно шест песни, кои ќе бидат објавени пред финалното заокружување на проектот.

Песната е базирана на нејзина лична и вистинска приказна, а каква е емоцијата што ја носи, можете да погледнете и слушнете преку линкот во продолжение.

Дијана Дурлевиќ – Дијана ОГ се потпишува како текстописец и изведувач, додека композитор и продуцент е Христијан Трендафиловиќ – Fleggma. Видео записот за „Ослободи ме“ е режиран и снимен од Кристијан Крајчески, кој стои и зад фотографијата. Монтажата, колор-корекцијата и графичкиот дизајн се дело на Ник.

Проектот во наредните денови ќе биде достапен и на сите музички платформи, а е заштитен и дистрибуиран од издавачката куќа Mediator Ent.

„Ми претставува огромна чест и задоволство што успеав да ја реализирам идејата за песна која го опишува периодот пред моето апсење по меѓународна потерница, додека сè уште бев во Белград. Извлеков голема поука и созреав како личност, па сето тоа сакав да го пренесам на публиката. Овој музички спот немаше да биде реализиран без моите спонзори од Нова Груп, кои се застапници на брендовите Смокинг и Кила во Македонија. Исто така, сакам да им се заблагодарам на сите кои помогнаа во реализацијата на проектот. Бидете во тек за новостите што следуваат – а верувајте, ги има многу…“ – изјави Дијана ОГ.