Видео: Вработен во „КАМ“ маркет бил нападнат од купувач, поради банална причина

Во „КАМ“ маркет кој се наоѓа во Дебар маало избила тепачка помеѓу купувач и вработен во маркетот. На видеото објавено од страна ан „А1он“ може да се забележи дека купувачот видливо му се нафрла на вработениот, а неговите колешки се обидуваат да ја смират ситуацијата.

Останатите купувачи од страв се оддалечуваат и само ја набљудуваат ситуацијата. Случајот е пријавен во полиција, а според пријавата во МВР касиерот бил нападнат затоа што го замолил купувачот да стави маска, како што налагаат мерките. Инцидентот се случил околу 17 часот, а во полиција бил пријавен околу 22 часот по затварање на маркетот.

Од МВР велат дека станува збор за маж на околу 30-годишна возраст кој влегол во маркетот без маска и од страна на колешка на касиерот било побарано да стави маска, потоа лицето станало насилно и го нападнало вработениот касиер. За да го погледнете видеото кликнете „Watch on YouTube“.