„Видов луѓе со вселенски одела на Марс“ – бизарно сведоштво на поранешна вработена во НАСА
Габриела Клемент, која повеќе од 30 години работела во НАСА како експерт за обработка на фотографии, изнела вознемирувачко сведоштво по пензионирањето во 2015 година. Според неа, за време на нејзината работа обработувала илјадници снимки од Месечината, Марс, Сатурн и други небесни тела, а дел од процесот вклучувал и отстранување на „непожелни” фотографии — оние што можеле да заинтересираат воени или тајни служби.
Сликите од Марс
Таа опиша настан кога добила неколку марсовски снимки и, уште на прв поглед, забележала нешто необично — фигури што изгледале како луѓе во вселенски одела. Откако го повикала својот претпоставен и му ги покажала снимките, тој, очигледно вознемирен, ги зел и без збор ги однел. Повеќе не ѝ било објаснето ништо, освен што добила нова задача. Таа верува дека по грешка ѝ биле дадени фотографии што никој не требало да ги види.
Подоцна се осмелила да праша што навистина видела, но добила само нејасен одговор дека нема за што да се грижи и треба да си ја врши работата. Сепак, стравот останал: „Ако и вие видите луѓе во вселенски одела на Марс, како би реагирале?“ — прашува таа.
Недоразбирање или криење на тајни?
По ова сведоштво, новинари се обиделе да добијат коментар од НАСА. Одговорот бил неодреден: „Луѓе на Марс? Тоа е невозможно, особено технолошки. Можеби станува збор за фотографии од нашите тренинг-полигони што симулираат марсовски услови.“
Останува нејасно зошто на долгогодишна вработена не ѝ било дадено вакво едноставно објаснување. Дали НАСА навистина крие нешто или сѐ е резултат на недоразбирање? Во секој случај, приказната на Клемент и понатаму предизвикува интерес и сомнежи.
Коментирај анонимно