Википедија прогласува војна против вештачката интелигенција после години борба со „AI-ѓубре“, официјално го забрани нејзиното користење

Википедија некогаш беше нарекувана „храм на умот“ од нејзиниот основач Џими Велс. Денес, по повеќе од една деценија, таа се претвори во последно прибежиште против напливот од содржина создадена од вештачка интелигенција, која претставува закана за точноста и кредибилитетот на веб-енциклопедијата.

Википедија прогласува војна против вештачката интелигенција после години борба со „AI-ѓубре“, официјално го забрани нејзиното користење

Автоматски генерираната содржина е забранета по измачувачка дебата и убедливо гласање

Кон крајот на месецот, англиското издание на Википедија официјално забрани употреба на вештачка интелигенција за креирање или преработка на статии, откако со години се експериментираше парцијално и се водеа жестоки дебати меѓу доброволните уредници. Гласањето заврши на 20 март со убедливи 40-2 во корист на строги ограничувања како се користат големите јазични модели (LLM) во одржувањето на сајтот.

Новата политика: Забрана за создавање или преработка на содржина со вештачка интелигенција, истовремено дозволува мала употреба под надзор

„Текстот генериран од големи јазични модели (LLMs) често ги прекршува некои од основните правила за содржина на Википедија,“ се наведува во новата политика. „Поради оваа причина, употребата на LLM за создавање или преработка на содржина на статии е забранета, освен посочените исклучоци.“ Исклучоците дозволуваат уредниците да користат LLM само за обични лекторски предлози на своите написи, при што тие мора прво сами да ги проверат и одобрат сите промени, без да се воведува нова содржина од страна на LLM. Дополнително, дозволено е користење за преводи ако уредникот е докажано вешт на двата јазика за да гарантира точност.

Википедија поставува остри граници: од екперименти на фондацијата до договори со технолошки гиганти за обесштетување за користење на нејзината содржина

Ова е последниот чекор со кој Википедија јасно ја црта границата против ширењето на AI модели. Во јануари годинава, енциклопедијата потпиша договори со гиганти како Амазон, Мајкрософт, Мета и Перплексити, со цел да ги покрие трошоците што настанаа бидејќи тие компании своите LLM ги обучуваа бесплатно користејќи ја содржината на Википедија, што дополнително ги оптовари нејзините сервери.

Одбивање на AI-експерименти и внатрешна мобилизација против автоматизирана содржина ја дефинираат иднината на Википедија

Уредниците на Википедија подолго време водеа битка за тоа како ќе се користи вештачката интелигенција. Пред повеќе од една година, една група се организираше за да искорени лошо генерирана AI-содржина од платформата. Кога фондацијата Викимедија воведе AI-генерирани резимеа на врвот од статиите, заедницата масовно се спротивстави сè додека експериментот не беше укинат.

Стравовите на уредниците растат: Бран од административни пријави за злоупотреба со AI ја натера заедницата на цврста забрана

Иљас Леблеу, уредник на Википедија кој го предложи новиот прирачник, изјави дека некогаш изгледало малку веројатно дека политиките кои јаограничуваат AI ќе се одржат. Но во последно време, „расположението се менуваше, од воздржан оптимизам премина во вистинска загриженост“. Леблеу додава: „Во последните месеци сè почесто се појавуваа административни пријави директно поврзани со LLM, а уредниците се чувствуваа преплавени.“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *