Викторија Бекам 25 години јаде ист оброк секој ден, сопругот Дејвид откри што точно има во нејзината чинија
Пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам откри дека неговата сопруга Викторија 25 години секој ден јаде ист оброк.
Дејвид (46) истакнува дека сака да дели храна, но поранешната членка на Spice Girls секогаш јаде исклучиво печена риба и варен зеленчук.
Тој признава дека во еден момент кога сакала да проба нешто друго му била една од омилените вечери. „Јас сум емотивен за храната и виното, кога јадам нешто прекрасно, сакам сите да го пробаат. За жал, оженет сум со некој кој јаде иста храна во последните 25 години. Од кога ја запознав, таа јаде само риба на скара и варен зеленчук, ретко пробува нешто различно“, рекол Бекам во подкаст, пренесува The Sun.
„Единствениот пат кога проба нешто од мојата чинија беше кога беше бремена со Харпер и бев пресреќен поради тоа. Во моментов не можам да се сетам што точно јадеше, но знам дека оттогаш тоа не се повтори“, додава Дејвид.
Претходно во интервјуата Викторија изјави дека никогаш не јаде храна пржена во масло или со сос, а не јаде црвено месо или млечни производи. Од десертите јаде само овошни колачи и тоа само во посебни прилики.