Вил Смит оди „дома“ во Бел-ер вилата за да соопшти дека сега скоро секој може да си дозволи ноќ во неа

Дали ви се верува дека поминаа цели 30 години од емитувањето на серијата „Принцот од Бел-Ер“? Сепак оваа информација е точна и главниот лик со серијата, за кој беше одговорен актерот Вил Смит сега има неверојатна понуда за обожавателите.

Вил ја стави вилата на платформата за изнајмување Airbnb, каде што ќе остане само 5 дена и ќе се изнајмува за минимални 30 долари од вечер, како симболична сума по повод годишнината. Тој сними и видео за да покаже како сега изгледа вилата и можат да се видат работи кои предизвикуваат носталгија за ова шоу.