Вили Вонка во реалниот живот: Човек ја подарува фабриката за слатки на оној кој ќе го изврши предизвикот

„Чарли и фабриката за чоколади“ е филм кој го имаат гледано многу од нас и факт е дека секој би сакал „Златен билет“ за да може да добие колку што посакува чоколадо. Сепак ретко кој помислува дека вакво нешто може да постои и во реалноста.

Меѓутоа, сега, соништата од детството конечно може да се остварат, бидејќи основачот на „Jelly Belly“ фабриката за слатки организарал лов на богатство низ целата земја пред да замине во пензија, а главниот победник ќе си замине со клучот од фабриката.

Дејвид Клајн и неговиот партнер рекоа дека златните билети во форма на ѓердани се во фаза на криење на тајни локации низ САД. За да се учествува во ловот треба да се платат 50 долари партиципација.

Планот е да има повеќе етапи на лов на богатства во секоја држава, со секој што ќе се приклучи на некоја од експедициите, тогаш има право да го бара „крајното богатство“: клучот за една од фабриките за слатки на Клајн и патување со сите платени трошоци.

Секој лов на богатство ќе има строга граница од 1.000 учесници – „без исклучоци“ – а победникот ќе освојува по 5.000 долари. Само откако ќе бидат завршени овие помали потраги учесниците ќе можат да учествуваат во крајната и да се борат за клучот од фабриката за слатки.