Вин Дизел му напиша срдечна порака на покојниот Пол Вокер на осмата годишнина од неговата трагична смрт
Ѕвездата на „Брзи и бесни“, Пол Вокер, трагично го загуби животот пред осум години, а неговиот колега и пријател Вин Дизел се сеќава на него со срдечна порака.
Вокер почина на 30 ноември 2013 година од повреди здобиени при судир со автомобил во бетонски столб од светилник и две дрвја, на само 40-годишна возраст.
54-годишниот Дизел (вистинско име Марк Синклер) се огласи на Инстаграм во вторникот, споделувајќи искрена објава за поколјниот Вокер.
Тој сподели фотографија од венчавката на ќерката на глумецот, Медоу во октомври со Луис Торнтон-Алан.
Актерот ја започна својата објава со потсетување на моментот на снимањето на „Брзи и Бесни“ во 2008 година, кога му кажал на Вокер дека го очекува своето прво дете, Хаина.
„Толку многу имам да ти кажам… Се сеќавам на тој ден кога јас и ти ја снимавме сцената во која јадевме кинеска храна и се степавме, а таа заврши со зборовите: „Лети само сакаше да се вратиш дома Дом…“ започна Дизел.
„Кога завршивме со снимањето тој ден, влезе во мојата приколка и ме праша, што имам на ум? Секогаш знаеше кога нешто имам на ум. Хаха. Ти кажав дека ќе имам бебе и не знаев што да очекувам во болницата во која одев после работа“, сподели актерот.
„Никогаш нема да заборавам што ми кажа… рече дека многу мачо момци ќе ти кажат да чекаш надвор од породилната сала, но тоа е погрешно. Влези таму, всушност пресечи ја папочната врвца и тоа ќе биде најдобриот ден во твојот живот“, сподели Дизел.
„Ти, се разбира, зборуваше од искуство, бидејќи веќе имаше еден ангел. Денеска поминаа осум години… и не поминува ниту еден ден да не размислувам за односот што сме биле благословени да го имаме… но ти го знаеш тоа. Трагедиите во животот секогаш се проследени со животни благослови ако останете отворени и имате вера“, продолжи тој.
„Ми недостигаш. Моите деца секогаш ми велат: „вујко Пол е со тебе тато, секогаш“… и јас во моето срце знам дека тие се во право. Ми недостигаш Пабло…“ заклучил Дизел.